fbpx

Во сообраќајка кај Брајковци потешко повреден велосипедист

 Во сообраќајка кај Брајковци потешко повреден велосипедист

На 19.10.2022 во ОВР Валандово било пријавено дека во село Брајковци, валандовско, патничко моторно возило „фолксваген венто“ со струмички регистарски ознаки, управувано од К.С.(53) од село Баница, струмичко, удрило во велосипед управуван од Т.С.(64) од село Марвинци, валандовско, соопшија денеска од СВР Струмица.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Медицински центар Гевгелија.

Увид на местото извршила екипа на Одделението за внатрешни работи Валандово.

Фото: архива

Share via
Copy link