fbpx

Уапсени кочанчани, пронајден амфетамин

 Уапсени кочанчани, пронајден амфетамин

На 19.10.2022 во 20.30 часот на улица „Цветан Димов“ во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица ги лишиле од слобода Б.М.(51), Г.М.(48), Д.М.(27), сите од Кочани и Д.А.(21) од село Грдовци, кочанско, соопштија од СВР Струмица.

При преглед во патничко возило „фолксваген голф“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Б.М., а во кое сопатници биле останатите лица, биле пронајдени повеќе пакувања со амфетамин.

За настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Фото: архива

Share via
Copy link