„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Во Струмица 10 нови и 5 оздравени од Ковид-19
Во последните 24 часа направени се 2.349 тестирања, а регистрирани се 342 нови случаи на КОВИД-19:
• Скопје – 135• Битола – 35• Велес – 17• Прилеп, Кавадарци и Берово – 16• Охрид – 15• Куманово – 13• Струмица – 10• Штип – 9• Кочани и Гевгелија – по 8• Свети Николе и Ресен – по 6• Радовиш и Валандово – по 5• Делчево – 4• Гостивар, Кичево, Неготино, Крива Паланка, Пробиштип и Кратово – по 2• Тетово, Струга, Виница, Демир Хисар, Демир Капија и Дојран – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 7 починати лица:
3 починати лица од Скопје (67г, 74г и 79г) и по 2 починати лица од Битола (65г и 87г) и Охрид (65г и 77г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Регистрирани сe 348 оздравени пациенти од:
• Скопје – 141• Битола – 33• Прилеп – 25• Кавадарци – 21• Велес – 18• Кочани – 14• Ресен и Валандово – по 10• Гевгелија и Делчево – по 8• Штип – 7• Берово, Крива Паланка и Демир Хисар – по 6• Струмица и Свети Николе – по 5• Радовиш, Неготино и Тетово – по 4• Пехчево – 3• Охрид и Пробиштип – по 2• Гостивар, Кичево, Кратово, Виница, Богданци и Македонска Каменица – по 1.
Досега во земјата се направени вкупно 1.478.883 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 216.670, бројот на оздравени пациенти е 201.017, на починати е 7.616, а бројот на активни случаи изнесува 8.037