fbpx

Во Струмица отворен Клуб за деца и младинци со Даунов синдром и нивните семејства

 Во Струмица отворен Клуб за деца и младинци со Даунов синдром и нивните семејства

Во Струмица денеска беше отворен Клуб за деца и младинци со даунов синдром и нивните семејства, а кој е сместен во Повеќенаменскиот социјален центар во нашиов град и e резултат на отворениот јавен повик од програмата „V2“ на Општина Струмица на кој аплицираше Здружението за помош и поддршка на лица со даунов синдром „Вера“ од Струмица, по што овој клуб заслужено доби „зелено светло“ за негова реализација.

Отворањето на Клубот „Деца на сонцето“ го поздрави градоначалникот Костадин Костадинов, а присуствуваа и претседателот на Советот Марјан Даскаловски и членови на истиот.

-Јас како Градоначалник и членовите на Советот, денеска имаме вистинска причина да бидеме посебно горди затоа што како плод на една 14-годишна успешна соработка со една од најактивните граѓански организации во Струмица – Здружението „Вера“, го отворивме првиот Клуб за деца и младинци со даунов синдром во Македонија. Клубот претставува едно убаво катче во кое преку игра, инклузивни и едукативни содржини им овозможуваме подобри услови и услуги на децата и младинците со даунов синдром и на нивните семејства. Ова што денеска се случи е потврда дека општина Струмица ја зајакнува соработката со граѓанските организации, Струмица потврдува дека е грижлив град во кој има место за сите, рече градоначалникот Костадинов.

Share via
Copy link