fbpx

За градоначалник на Струмица поднесени три кандидатури и осум советнички листи

 За градоначалник на Струмица поднесени три кандидатури и осум советнички листи

До Општинската изборна комисија во Струмица се поднесени три кандидатури за градоначалник: Костадин Костадинов од СДСМ и коалицијата, Жан Дрвошанов од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата и Васе Витанов од Интегра-Македонска конзервативна партија.

За членов на Советот се доставени осум кандидатски листи: Група избирачи од Шефкет Асанов, Демократска партија на Турците, Единствена Македонија, Интегра-Македонска конзервативна партија, Граѓанска група ,,Стига е’’, Коалиција на ЛДП и ДОМ, Коалиција на СДСМ, Коалиција на ВМРО ДПМНЕ.

Локалните избори треба да се одржат на 17 октомври и втор круг за градоначалници на 31 октомври.

Share via
Copy link