fbpx

Полициски билтен: повреден сопатник од Ново Село во сообраќајка, физички напади, пукање

 Полициски билтен: повреден сопатник од Ново Село во сообраќајка, физички напади, пукање

На 12.09.2021 во 04.30 часот на локален пат Ново Село-с.Барбарево, на место викано „Репетиторот„ патничко моторно возило „опел астра„ со струмички регистарски ознаки управувано од Т.Е.(23) од Ново Село, во кое сопатник бил А.Ш.(25) од Ново Село излетало од патот, соопштија од МВР.

Во незгодата со тешки телсени повреди се здобил сопатникот А.Ш. кои му биле констатирани до доктор во медицински центар Струмица каде му е укажана и лекарска помош. Увид на лице место извршила екипа од СВР Струмица.

На 11.09.2021 во 20.10 часот во Полициска станица Радовиш, Д.Н.(24) од с.Ораовица пријавил дека околу 18.15 часот додека бил во своето дворно место со воздушна пушка била испукана една дијабола од неговата сосетка Ј.М. во правец на неговата куќа каде во непосредна близина бил и пријавителот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 11.09.2021 во 21.00 часот во Полициска станица Радовиш, Н.М.(18) од с.Бучим пријавила дека околу 18.30 часот во с.Бучим била физички нападната од Д.С., У.Д. и М.Д. сите од с.Бучим. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 11.09.2021 во 21.50 часот во СВР Струмица, Н.А.(44) од Струмица пријавила дека околу 17.30 часот во казино во Струмица била физички нападната од М.А. од с.Секирник. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Share via
Copy link