fbpx

Закрпени дупките на патот за Добрашинци

 Закрпени дупките на патот за Добрашинци

„Конечно се закрпени дупките на патот кон Добрашинци кои подолго време претставуваа опасност за граѓаните кои преку нив минуваа со автомобили“, напиша на својот ФБ профил, https://www.facebook.com/slave.andonov, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, информирајќи за крпењето на дупките на локалниот пат што води кон Добрашинци.

Со оваа активност општина Василево решава еден сериозен проблем за сите учесници во сообраќајот на овој особено фреквевентен локален пат, преку кој со општина Василево се поврзуваат и останатите населени места од Подогражденскиот регион.

Крпењето на дупките, како  времено и единствено возможно решение во моментот со оглед на финансиската состојба на општината,  значи зголема безбедност и сигурност за сите учесници во сообраќајот на оваа делница.

Share via
Copy link