fbpx

Заради сообраќајка кај Радовиш сообраќајот се пренасочува пo стариот пат

Утрово околу 09:00 часот на излезот од Радовиш, на клучката за Струмица, се случила сообраќајна незгода. Според информациите од СВР Струмица нема загинати, а според првичните сознанија има повредени.

Засега не се познати уесниците во сообраќајката, а заради увидот на полицијата сообраќајот на патот Струмица-Радовиш се пренасочува по стариот пат.

Од полицијата повеќе детали за сообраќајната незгода најавуваат за подоцна.

Share via
Copy link