„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Здружението „Обнова Глобал“ побара донации за санација и обнова на „Глобал“
Здружението „Обнова Глобал“ ќе се обрати до сите општински и државни институции и до стопанските комори за да донираат средства на отворената солидарна сметка за санација и обнова на ТЦ „Глобал“.
Ова денес го соопшти Илија Митревски од здржението, кој рече дека собраните средства на најтранспарентен начин ќе се распределат за обнова на трговскиот центар, но и на сопствениците на продавници и тезги според проценката на штетата на стоката. По распределувањето на донациите јавно ќе објават кога, каде и како ќе бидат потрошени.
Во денешната изјава за медиумите подвлече дека од Втората свестка војна Струмица не памети толку голема катастрофа, во која се уништени стотина тезги и продавници, а штетите се мерат во милиони евра.
Откако завчера заврши расчистувањето на остатоците од пожарот, екипи на ЈПКД „Комуналец“ и работници од други компании кои помагаат во расчистувањето на „Глобал“ почнаа со миење на површите и отстранување на остатоците од оштетената електрична инсталација.