„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Земјоделци се обучуваат за примена на современи агроеколошки мерки
Во текот на изминатиот период, во рамките на проектот „Управување со сливот на река Струмица“ се спроведуваат обуките на терен на кои учествуваат 50-те грантисти од третиот циклус обуки за спроведување на современи агроеколошки мерки, каде висината на еден грант изнесува 5.000 евра.
На овие обуки експерти од областа на овоштарството, градинарство, почви, наводнување и заштита им даваат стручни совети на земјоделските производители со цел подобрување на квалитетот на земјоделските производи и приносот со истовремено намалување на трошоците за нивно производство и секако заштита на животната средина.
Проектот го спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во партнерство со Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, општините од сливот и други релевантни институции, а е финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка.