fbpx

„Златниот“ сет трагичен за одбојкарите на Струмица Никоб

 „Златниот“ сет трагичен за одбојкарите на Струмица Никоб

Одобјакрите на Струмица Никоб вечерва не успееја да изборат пласман во второто коло на Лигата на шампионите на ЦЕВ, откако во Скопје во салата на СПЦ „Јане Сандански“, ја анулираа првичната предност на холандскиот шампион, Динамо Апелдорн од 3:0 во сетови победувајќи со 3:1. Но, златниот сет, кој требаше да го одлучи патникот за второто коло несреќно го загубија со 15:13, откако при резултат 14:13 за Холанѓани немаа спортска среќа.

Со слободен влез и бесплатно организиран превоз за навивачите, но и со играњето на тројцата Руси-Злобин, Лобурин и Михајлов, кои не настапија на првата средба заради неиздавање виза од Холандија, Струмица Никоб  вечерва беше на прагот да направи големо изненадување.

Европските натпреварувања македонскиот шамиион ги продолжува во Купот на ЦЕВ, каде треба да се сретне со екипата на Мурсија од Осиек, Хрватска.

Share via
Copy link