Струмичани во најголем дел не знаат да го селектираат отпадот и ги кршат контејнерите
Звонко Ангелов кандидат за градоначалник од СДСМ за Ново Село
Звонко Ангелов е кандидат за градоначалник на општина Ново Село од СДСМ, соопшти на прес конференција генералниот секретар на партијата, Љупчо Николовски.
На пресот на Николовски, на кој беа соопштени нови кандидати за градоначалници, не беше кажано кој ќе биде кандидат за градоначалник во Струмица и според него во наредните денови ќе биде донесена одлука.
За Струмица досега кандидат нема објавено ниту ВМРО ДПМНЕ, а претходно владеачката партија објави дека во општините Василево и Босилово кандидати за нов градоначалнички мандат се досегашните градоначалници-Марјан Јанев и Зоран Зимбаков.
Од општините во регионот се уште не се знаат кандидатите од СДСМ за Радовиш и Гевгелија.
Фото: фб профил на Звонко Ангелов