-Работно и во недела далеку од Струмица, но со нови средби и искуства пак за нашата Струмица.Денеска во уште еден прекрасен град во пријателска Турција, Маниса. Остваривме работни средби со Валијата Јашар Карадениз и градоначалникот Џенгиз Ерѓун.Прекрасни домаќини, гостопримливи и пријателски расположени.Разговаравме за потенцијалите на нашите Општини и како да ги искористиме за поголема соработка […]
Во спортската сала на СОУ „Димитар Влахов“ денеска свечено започнаа Државните спортски игри за средни училишта – Гимназијада „Струмица 2022“. Од името на градоначалникот, кој службено е отсутен, учесниците и организаторите ги поздрави Елена Маѓеровска Паликарова член на Советот на Општина Струмица и заменик на градоначалникот Костадинов. -Од низата години наназад до денес, ова е […]
Со задоволство ја известуваме јавноста дека отпочна со изградба новиот, најголем,продажен центар на Мебел-Ви, кој ќе биде лоциран во Струмица, соопштија од оваа компанија. По завршувањето на подготвителните активности, вчера 10.05.2022, беше поставенкамен темелник на новиот ултра модерен салон за мебел. Објектот е планиран да бидесо површина од 4.000м2 што го прави еден од најголемите […]
Градоначалникот Костадин Костадинов со своите соработници, денеска го посети реконструираното подрачно училиште „Сандо Масев“ во Баница. Споделувајќи го задоволството со учениците и наставниот кадар, тој рече дека со оваа реконструкција практично се заокружени сите основни и средни училишта во општина Струмица и обезбедени солидни услови за одвивање на воспитно – образовниот процес. -Со реконструкцијата на […]
Вечерва во Струмица беше промовирана монографијата „Мојот живот минато мило“ за животот и делото на еден од живите борци од НОБ, стогодишниот Јован Величковски. Промоцијата се одржа во Градската уметничка галерија по повод 9 мај, Денот на победата против фашизмот и Денот на Европа. Промотори на книгата беа директорката на Библиотеката „Благој Мучето“, Тања Гошева […]
-Почитувани, далеку зад нас се 1945 и 1950, години кога се случиле овие огромни чекори во современата цивилизација. Случајно или не, на двапати, на 9.Мај, Европа доживеала огромни промени со кои започнал историскиот прогрес. Примерот на разум и разбирање, на здружување, еднаквост и прагматичност, станува модел по кој, денес сме сведоци како е развиена и […]
Општина Струмица во соработка со ЈПКД „Комуналец“ ја започна акцијата „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД 2022“ во која освен Градоначалникот на Општина Струмица и советниците се вклучија и повеќе еколошки друштва, невладини организации и група ентузијасти кои секојдневно се грижат и апелираат за почиста животна средина, за поубав и урбан изглед на Општината. Акцијата се одржа кај Индустриската […]
-Вакво јавно признание денеска добивме од министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и останатите партнери кои учествуваа во отворањето на Советувалиштето за жртви на семејно насилство и родово базирано насилство, објави градоиначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, кој денеска заедно со министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска беше на отворањето на Советувалиштето […]
Во последните 24 часа направени се 1.424 тестови, а регистрирани се 139 нови случаи на КОВИД-19: • Скопје – 58• Битола – 34• Прилеп – 6• Струмица – 5• Куманово, Кавадарци, Велес, Охрид и Кичево – по 4• Тетово – 3• Гостивар, Кочани и Демир Хисар – по 2• Штип, Гевгелија, Ресен, Радовиш, Дебар, Виница […]
Градоначалникот Костадин Костадинов со претседателот на Советот, Марјан Даскаловски, советници и претставници на Секторот за урбанизам, извршија увид во работите повеќенаменското спортско игралиште во дворот на Домот на АРМ и заедно констатираа дека реализацијата на овој проект е во сероизна напредна фаза. -Веќе е подобрена земјишната подлога за работа на игралиштето, ставена е подземната инсталација, […]