Комерцијална ПР објава И веднаш за да нема никаква дилема, да бидам јасен овој наслов не е печатна грешка и вие правилно сте го прочитале и разбрале. Еуромакс Ресоурцес е одлучно против „рудници на смртта“, против „екоцид и геноцид“, против застарени технолошки методи и стандарди во рударството, против користење на цијанид, киселини и токсични хемикалии; […]
-И денеска се работи на подобрување на патната инфраструктура во населените места. Се врши проширување на коловозната лента со странично проширување и тампонирање на патниот правец Муртино – Робово.За поголема безбедност на патиштата, за подобар живот во нашите села, објави градионачалникот на Струмица, Костадин Костадинов.
Да се сака Струмица значи да се работи не само за градот, туку и за населените места. Од Просениково започнавме со уредување на јавните површини во селата за поурбан изглед и одмор и релаксација на нашите сограѓани.
Градоначалникот Костадин Костадинов денеска одржа средба со претставниците на Здруженијата на граѓани и Фондации чии проектни иницијативи добија финансиска поддршка од буџетот на општина Струмица за 2023 година. Тој го потенцираше задоволството од соработката со граѓанскиот сектор по трите јавни повици од програмите за Локален економски развој и туризам, Социјална заштита и Еднакви можности меѓу […]
Градоначалникот Костадинов преку видео објава најави дека општина Струмица во соработка со Црвен Крст Струмица започнувајки од денес па се додека трае топлотниот бран, на неколку локации во градот ќе има пунктови со вода за граѓаните кои се принудени да излезат во часови кога температурите се превисоки.
Поради отстранување дефект на водоводна мрежа без вода до 12 часот ке остане улица Цветан Димов со затворот како и Егејско мало на улица Гоце Делчев.
Поради отстранување дефект на водоводната мрежа без водоснабдување од 14 до 22 часот ќе останат улиците 5 Ноември, Славчо Стојменски, Бетовенова, Бошко Буха и Братство,соопштија од ЈПКД „Комуналец“. Фото: архива
Секторот за внатрешни работи Струмица информира дека на 15.07.2023 година во времето од 10.00 до 14.00 часот , поради одржување на мирен протест , СВР Струмица на подрачје на град Струмица ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот, информираа од СВР Струмица. Затворени за сообраќај ќе бидат булевар „Маршал Тито“, дел од булевар „Ленинова“ […]
Општина Струмица денеска ја одбележа 79-годишнината од убиството на народниот херој Благој Јанков Мучето. Пред спомен обележјето во големиот градски парк се одржа пригодна свеченост на која беше положено свежо цвеќе, а за животот и делото на Мучето говореше Ице Беличев член на Советот на општина Струмица. -На денешен ден во таа веќе далечна 1944 […]
Денес во ЈЗУ Општа Болница Струмица пристигна донација во форма на медицинска опрема, сочинета од три ЕКГ апарати (еден од модел Cardioline 200S и два од модел Cardioline 100S), пет мулти-параметарски ЕКГ монитори(модел Bistos BT-750) и соодветни додатоци – специјална хартија за обезбедените ЕКГ апарати, со која Одделението за Кардиологија ја доби дополнителна опрема за […]