„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Мојсовски им додели благодарници на Пандев и Ангеловски
Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски денес им додели благодарници на капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев и селекторот, Игор Ангеловски.
-Денеска во Агенција за млади и спорт / Agency of youth and sport имав чест да ми бидат гости две легенди!Капитенот на фудбалската репрезентација Горан Пандев и селекторот Игор Ангеловски!
Уште еднаш им честитав на историскиот пласман на европското првенство, но и на сите настапи низ годините и за големите успеси!
#EURO2020 е голем успех за македонската репрезентација!
Пандев ни откри дека и покрај големите остварувања во неговата долгогодишна фудбалска кариера, за него настапот на европско првенство со македонската репрезентација е моментот кој го чекал сите овие години!Селекторот Ангеловски ја имаше таа огромна чест да биде прв селектор-предводник на репрезентација која настапува на едно големо натпреварување како што е европското првенство.Нашите репрезентативци докажаа дека сплотеноста на тимот е предуслов за успех!Од мое лично име и од име на АМС им заблагодарив и им доделив благодарници за досегашните успеси и за сите позитивни емоции и гордост кои ги предизвикаат кај сите нас!, напиша Мојсовски.