Струмичанец приведен во Штип- управувал возило со 2,19 промили алкохол
Струмичките пожарникари помагаат во гаснењето на големите пожари
Денеска ТППЕ Струмица испрати едно теренско ПП возило и двајца пожарникари-спасители во село Будинарци. Се работи заедно со други здружени противпожарни тимови од Македонија и други држави.
Во текот на вчерашниот ден ТППЕ Струмица испрати едно ПП возило со 5 пожарникари-спасители во ТППЕ Радовиш, додека тамошните пожарникари-спасители го гаснеа пожарот кој беснееше над селото Дамјан.
Покрај тоа ТППЕ Струмица учествуваше во гаснење на запалена сува трева во атарот на село Владевци и село Колешино.