fbpx

ЦУК: Активни се пожарите кај Погана и селото Дамјан

 ЦУК: Активни се пожарите кај Погана и селото Дамјан

Пожарот од 01.08.21 во месноста Погана кој започна околу 12:30 часот и зафати површина од околу 1350 хектари, се уште е активен, посебно во делот непосредно пред ветерниците кај Богданци.

На терен беа ангажирани следните сили:2 ПП возила од ТППЕ Валандово со 7 пожарникари, 14 од ШС Саланџак-Валандово, 11 припадници на АРСМ, ДЗС Валандово 7, ЕВН со 7 вработени 1 цистерна за вода и 1 теренско возило. На теренот присутните сили заедно со силите од Гевгелија направија појас на најкритичниот дел со должина од 300 метри и ширина од окулу 5-6 метри и на овој дел се чека пожарот за активно да се дејствува за да не префрли према Богданци.

Пожарот кај село Дамјан е активен но нема опасност засега кон селото. Од ветерот се движи кон селата Дедино и Ињево.

На координативно тело е договорено во наутро во 05:00 ч. да се излезе и да се види какви мерки да се преземаат. Во моментот таму се наогаат екипи на : ТППЕ-Радовиш, со 3 пп возила, и 12 пожарникари, екипа од ТППЕ-Струмица со 1 пп Возило и 5 пожарникари како и екипа од ПШС-Плачковица-Радовиш со 15 луге локално население во гасење напожарот ке се вклучат со човечки ресурси и цистерни од БОРОВ ДОЛ -Бучим.

Share via
Copy link