fbpx

Наставата во сите основни и средни училишта во општина Струмица почна успешно

 Наставата во сите основни и средни училишта во општина Струмица почна успешно

Денеска во сите основни и средни училишта во општина Струмица, наставата започна успешно, на задоволство на сите ученици и наставници, објави градоначалникот Коста Јаневски.

Според одлуката на Министерството за образование и наука, наставата ќе се одвива со физичко присуство, а се надевам дека епидемиолошката состојба ќе дозволи така да продолжи и во текот на целата учебна година. Со моите соработници го посетивме ООУ „Маршал Тито“ во Струмица каде што се беше подготвено за стартот на оваа учебна година.

Апелирам до учениците и наставниците да се придржуваат кон пропишаните протоколи во услови на пандемија од Ковид-19, за да може да се зачува здравјето на сите ученици и на наставниот кадар, за непречено и успешно спроведување на воспитно-образовниот процес.

На сите ученици од основното и средното образование од нашата општина им го честитам почетокот на новата 2021/2022 година и им посакувам успех во учењето. Тоа особено се однесува на 650-те првачиња и 660 – те ученици од прва година во трите средни училишта. Нека им е со среќа, стои во објавата на Јаневски.

Share via
Copy link