Фото:ОИК денеска им ги додели уверенијата на советниците од СДСМ и коалицијата
Куп-ждрепка: Академија Пандев против Македонија Ѓорче Петров, Беласица против Силекс

Денеска во просториите на ФФМ се одржи ждрепката за осминафиналето во фудбалскиот Куп на Македонија.
Во осминафиналето ќе има и реприза на натпреварот за трофејот од 2019 година помеѓу Академија Пандев и Македонија Ѓорче Петров, а бранителот на куп трофејот Силекс ќе гостува на Беласица.
Струга – Борец
Академија Пандев – Македонија ЃП
Шкендија – Ренова
Вардар – Скопје
Брегалница – Охрид
Беласица – Силекс
Пелистер – Работнички
Шкупи – Тиквеш
Натпреварите се играат на 20 октомври со почеток од 14 часот. Се игра само еден натпревар, а доколку нема победник по регуларните 90 минути веднаш се изведуваат пенали.
 
  
  
  
 