fbpx

Полициски билтен: физички напад на малолетник во Струмица, казни за непрописно престигнување

На 08.11.2021 во 23.25 часот во Полициската станица Струмица, В.А.(47) од село Колешино, струмичко, пријавил дека околу 19:30 часот на булевар „Ленинова“ во Струмица неговиот малолетен син бил физички нападнат од В.Н..

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 08.11.2021 во периодот д 07.00 до 12.00 часот на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица биле преземени засилени мерки над учесниците во сообракајот, при што било констатирано дека шест возачи, од кои 3 во Радовиш, 2 во Струмица и 1 во Гевгелија извршиле непрописно престигнување. За констатираните прекршоци биле изречени соодветни санкции.

Share via
Copy link