fbpx

Во Струмица нема нови, починати и оздравени од Ковид-19

 Во Струмица нема нови, починати и оздравени од Ковид-19

По подолго време во Струмица не се регистрирани новозаразени, оздравени и починати од коронавирусот.

Во последните 24 часа направени се 1.309 тестирања, а регистрирани се 156 нови случаи на КОВИД-19:

• Скопје – 91• Кавадарци – 19• Битола – 13• Прилеп и Куманово – по 8• Кочани – 3• Струга – 2• Тетово, Штип, Охрид, Кичево, Гевгелија, Свети Николе, Крива Паланка, Делчево, Кратово, Богданци, Демир Хисар и Македонска Каменица – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 10 починати лица:

4 починати лица од Скопје (76г, 78г, 79г и 82г) и по едно починато лице од Кавадарци (61г), Штип (38г), Прилеп (66г), Велес (47г), Свети Николе (82г) и Берово (35г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Регистрирани сe 326 оздравени пациент од:

• Скопје – 135• Куманово – 30• Кавадарци – 23• Штип – 21• Битола и Крива Паланка – по 18• Прилеп – 17• Велес – 14• Кочани – 11• Тетово, Кратово и Неготино – по 6• Пробиштип – 5• Богданци и Виница – по 3• Кичево и Гостивар – по 2• Гевгелија, Свети Николе, Делчево, Радовиш, Крушево и Дојран – по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 1.409.078 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 206.233, бројот на оздравени пациенти е 191.132, на починати е 7.242, а бројот на активни случаи изнесува 7.859

Share via
Copy link