Општинскиот инспектор за животна средина изрече казна за согорување отпад од 18.000 евра
Се чистеше отворениот канал во Ангелци

Екипа на ЈПКД „Турија“, во рамки на своите работни активности, го чистеше отворениот атмосферски канал во населеното место Ангелци.
Активноста се изведува на потегот кај селските гробишта во должина од околу стотина метри. Со механизација и рачно се отстранува наносот од тиња, кал и вегетација со што практично му се враќа функционалноста.
Увид во активноста изврши градоначалникот на Oпштина Василево, Славе Андонов.