„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Костадинов: Струмица да биде центар на младите
-Сакам и ќе направам се, Струмица да биде Центар на младите и општина во која тие ќе гледаат потенцијал и светла иднина, рече вечерва градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, на вечерашната средба со млади, на која присуствуваше и активно учествуваше и советникот за млади и младински политики на премиерот, Ѓорги Тасев.
-Младинскиот културен центар и бенефитите од него, беше темата на којашто вечерва разговаравме со младите во Europe House во Струмица.Желбата ни е заедничка, мотивацијата голема и подготвени за работа, објави градоначалникот Костадинов.
На средбата беше истакнато дека меѓу приоритетите е Младинскиот културен центар во којшто младите ќе ги реализираат своите креативни идеи, ќе организираат и реализираат општествени активности и културни настани.