„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Костадинов:Социјалниот момент е важен, но мора да се тргнат дивите продавачи од улиците
-Секој социјален момент е важен и го почитувам, но на ниту еден начин и ниту во еден момент нема да дозволам тој да доведе до неред и анархија во општина Струмица, впрочем, за тоа сум изгласан и имам доверба од граѓаните добиена на непосредни избори.
Оваа порака денеска ја упати градоначалникот на Струмица,Костадин Костадинов до сите членови на Локалниот совет за превенција во општина Струмица на работната конференција на којашто присуствуваа претставници од државни и општински и институции, претпријатија, инспекторати и граѓани, а на која главна тема беа дивите продавачи на улиците во Струмица, посебно долж булеварот „Маршал Тито“, кај „Глобал“ и „Тинекс“ и вон пазарот „Чешел“.
-Заклучокот е дека нема да пристапуваме директно со казни, туку со превенирање, затоа што ја разбираме потребата од егзистенција, но го разбираме и револтот на оние луѓе коишто чесно и поштено си ги плаќаат давачките, плаќаат закупнина за објекти и тезги, а надвор се случува продажба на црно и се развива сива економија.Две саботи по ред, општинските комунални инспектори и редари во координација со СВР Струмица, спроведоа акција на пазарот „Чешел“ и спречија појава на диви продавачи, пред се на текстил.Предизвикот пред кој сега сме исправени, посебно пред Нова година и празниците е голем, но донесовме одлука ваквите акции да продолжат секојдневно на булеварот и уште од раните утрински часови да се спречат дивите продавачи да ја постават својата стока за продавање, бидејќи се покажа дека на овој начин ефектот е позитивен.Ред и дисциплина мора да има секаде и за сите, рече Костадинов.