„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Градоначалникот на Ново Село позитивен на коронавирусот
Градоначалникот на Општина Ново Село, Ѓорѓе Божинов денеска на својот фејсбук профил објави дека е позитивен на Ковид-19.
Почитувани сограѓани, драги пријатели,
Денеска добив позитивен резултат на тест за Covid-19. Согласно правилата и насоките Ве известувам дека во наредните неколку денови нема да бидам во можност да остваруваме средби.Инаку, се чувствувам добро, без особени симптоми и се надевам дека за брзо време ќе се вратам на работното место за да го продолжиме заедничкото работење за нашата Општина Ново Село.
Чувајте се! Бог да ве благослови, стои во објавата на градоначалникот Божинов.