Изгореа покрив и спрат во пожар во куќа на улица „Спиро Захов“
Детски карневал во Радовиш за традиционaлната „Априлијада“
Радовиш денеска беше претворен во карневал на детската фантазија.Плоштадот „Св.Спасо Радовишки“ личеше на пролетен мозаик и кошница исполнета со разнобојни цветови, бубамари, пчелички, кловнови, волшебници, дизниеви јунаци и многу други маски, коишто денес беа дел од традиционалната „Априлијада“.
Почнувајки со дефиле од бул.Александар Македонски и движејки се кон плоштадот, каде маските имаа свое претставување, и овој пат дечињата и учениците им ги исполнија срцата на сите присутни родители, баби и дедовци, роднини и граѓани.
Во име на градоначалникот на општина Радовиш, присутните ги поздрави секретарот на општина Радовиш, Љупче Почивалец изразувајќи благодарност и упатувајќи честитки до сите учесници за нивната креативност како и до нивните ментори, наставници, воспитувачи и негователи.
Од страна на организаторот на сите учесници кои беа дел од овогодишната Априлијада им беа доделени признанија.