Се одржа еко акцијата „Генералка викенд 2022“
Општина Струмица во соработка со ЈПКД „Комуналец“ ја започна акцијата „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД 2022“ во која освен Градоначалникот на Општина Струмица и советниците се вклучија и повеќе еколошки друштва, невладини организации и група ентузијасти кои секојдневно се грижат и апелираат за почиста животна средина, за поубав и урбан изглед на Општината.
Акцијата се одржа кај Индустриската зона „Агро берза“.
-Кога Струмица е во прашање, нема одмор ни во недела.Со сите кои ја сакаат нашата Општина чиста, денеска активно учествувавме во акцијата Генералка викенд 2022.Го собравме отпадот во индустриската зона Агроберза и пуштивме порака за повисока еколошка свест.Мои струмичани, ајде сите заедно да покажеме дека можеме и сакаме нашата Струмица да ја направиме најчистата Општина.Да го фрламе отпадот кај што му е местото и да си обезбедиме поздрава и почиста иднина, порача градоначалникот Костадин Костадинов.