fbpx

Синдикатот на „Комуналец“ се приклучи кон генералниот штрајк на ССМ

 Синдикатот на „Комуналец“ се приклучи кон генералниот штрајк на ССМ

Синдикатот при ЈПКД„Комуналец„ Струмица денес се приклучи кон Генералниот штрајк организиран од Сојузот на Синдикати на Македонија.

Сојузот на синдикатите на Македонија имајќи во предвид дека води сметка и во сложени услови на генерален штрајк да бидат запазени правилата со цел за вршење на работите кои се неопходно потребни заради спречување на загрозување на животот, личната сигурност или здравјето на граѓаните (нужни работи)Штрајкувачкиот одбор – Претседателството на ССМ утврдува правила за производно одржувачки и нужни работи кои не смеат да се прекинуваат за време на штрајк 10 % од вработените .

Вработените во јавен сектор покрај тоа што ќе штрајкуваат со прекин на работниот процес на своите работни места во работно време, ​ видливо од 10 до 11 часот ќе застанат и надвор пред просториите на работодавачот.

Share via
Copy link