fbpx

Во сообраќајка меѓу мотоцикли повредени двајца моторџии

 Во сообраќајка меѓу мотоцикли повредени двајца моторџии

На 21.06.2022 во 16:00 часот во СВР Струмица било пријавено дека на шумски пат над село Висока Маала, струмичко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл без регистарски ознаки,управуван од С.И.(24) и мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од Б.Б.(29), двајцата од село Висока Маала, соопштија денеска од МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил С.И., додека Б.Б. се здобил со телесни повреди констатирани во Медицински центар Струмица.

Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Струмица.

Share via
Copy link