„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Oдбележана 21-годишнина од убиството на бранителите Кољо Китанов и Атанас Јанев во воениот конфликт во 2001 година
Пред споменикот подигнат во нивна чест, денеска, беше одбележана 21-годишнина од убиството на бранителите Кољо Китанов и Атанас Јанев во воениот конфликт во 2001 година.
Свежо цвеќе положија претставници на семејствата, на Советот на општина Струмица предводени од претседателот Марјан Даскаловски, претставници на СВР Струмица, политички партии и здруженија на граѓани.
За бранителите Китанов и Јанев зборуваше претседателот на Советот на општина Струмица, Марјан Даскаловски.
-Ова се моменти кога со длабока тага се сеќаваме на нашите херои. Нашата благодарност кон нивното дело секогаш ќе биде премала во споредба со нивната саможртва втемелена во иднината на својата татковина – Република Северна Македонија. Знам дека никогаш целосно не можеме да им се оддолжиме на луѓето кои ги дадоа своите животи за Македонија. Но, можеме и мораме да им оддадеме почит и засекогаш да се сеќаваме.Нашето присуство овде на спомен обележјето во чест на загинатите бранители од Струмица, е најголема потврда дека имињата на нашите Кољо Китанов и Атанас Јанев, не се и никогаш нема да бидат заборавени, рече Даскаловски.