„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
МВР:Расчистено убиството во Струмица, сторителите се лишени од слобода
На 06.07.2022 во 05:10 часот, во Радовиш, по преземени мерки и активности, полициски службеници од СВР Струмица – Полициска станица Радовиш ги лишиле од слобода М.Ј.(22), Р.А.(33), а претходно, околу 03:00 часот во село Дедели, од полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Валандово е приведена и Ј.Т.(44), сите од Струмица.
На 05.07.2022 околу 19:30 часот, по претходна расправија поради нарушени меѓусемејни односи, на улица „Бетовенова“ во Струмица, М.Ј. со остар предмет му нанел повреди на А.Б.(22) од Струмица, кој подоцна починал во Медицинскиот центар Струмица. Додека, Р.А., исто така, со остар предмет ги нападнал и повредил Б.Ј.(69), З.Б.(45) и О.Б.(20), сите од Струмица, на кои им е укажана лекарска помош во Медицински центар Струмица. Во нападот учествувала и Ј.Т., мајката на М.Ј..
Имено, по пријавување на случајот, полициски службеници излегле на местото и по преземени мерки, сторителите се лишени од слобода, а врз основа на судска наредба, бил извршен претрес во домот на М.Ј. и биле подигнати предмети поврзани со кривичното дело.
По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција. По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.