Кривична за тројца жители на Старо Балдовци, краделе сув тутун од Василево и Босилово
Изгоре куќа во Костурино

Денеска околу 11 часот во село Костурино, ТППЕ Струмица со 3 против пожарни возила и 9 пожарникари – спасители интервенираше на гасење на запалена куќа.

Во моментот на пристигнување пожарот беше во разгорена фаза и веднаш беше пристапено кон негово локализирање со што се спречи ширењето кон околните објекти.
Пожарот бил целосно ликвидиран во 12:40 часот.