„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Пожарот кај Фурка е се уште активен, но со намален интензитет
Регионалниот центар за управување со кризи РЦУК Струмица ја пренесува информацијата од ТППЕ Гевгелија во која се наведува дека пожарот кај село Фурка помеѓу општина Дојран и Богданци е се уште активен, но со намален интензитет. Гори деградирана шума-прнар, а на места има и борова шума.
Ангажирани сили и служби се: Територјалната противпожарна единица ТППЕ Гевгелија со 10 до 14 пожарникари и 3 противпожарни моторни возила, Доброволно ПП друштво Дојран со 4 лица и 1 возило, Комуналец Гевгелија со 1 цистерна и 2 вработени за дотур на вода, Комунално Дојран со 2 возила и околу 10 вработени, Јавно претпријатие Национални шуми, Подружница Кожув Гевгелија со 2 возила и 10 вработени,ТППЕ Кавадарци со 2 ПП возила и околу 8 пожарникари,ТППЕ Валандово со 1 ПП возило и 3 пожарникари, ДЗС-Валандово со 1 возило и 5 членови на тимот за брз одговор, МВР ПС Гевгелија со 2 патролни возила и ТППЕ Струмица со едно возило и 4/5 луѓе.
Пожарот кај село Фурка е активен на кракот на западната страна на пожарот кон Богданци и мал крак према Рибник „Елита“. На ден 08.08.2022 година во утринските часови околу од околу 05 часот се излезени на терен околу 40 до 50 луѓе од ТППЕ-Гевгелија, ДЗС-Валандово, ЈПНШ Подружница Кожув, а и граѓани од локалното,население.
Изгаснати пожари во последните 24 часа — на ден 07/08.08.2022 година – 06:00 часот се:
1. Струмица село Ангелци и село Вељуса стрниште со 2 ПП возила и 6 пожарникари. од 16:25 до 18:30 часот, зафатени два хектари.
2. Валандово село Пирава и местото Оџа борум деградирана шума, ТППЕ Валандово со 6 Пожарникари и 2 возила и од ЈПНШ Подружница „Саланџак“-Валандово 6 вработени и 2 возила. Од 12:00 до 16:00 часот. 5 хектари.
3. Радовиш село Ињево и село Воиславци стрниште со 2 ПП возило и 5 пожарникари. од 11:00 до 14:06 часот.