Полицијата улови повеќе лица кои вршеле превоз на патници на диво
По повод Светскиот ден на мирот Фондацијата „Заев-едно општество за сите“ го поддржа ликовниот хепенинг во Струмица
Нема оправдувања за воените агресии и инвазии. Секој од нас треба да крене глас за мир.
Денес мораме да дејствуваме со силата на аргументите и да градиме пријателства. Денес мораме да се спротиставиме на оние кои со силата на оружјето создаваат непријателства.
По повод 21 септември, Меѓународниот ден на мирот, во соработка со општинската установа Дом за деца и млади “Благој Мучето“ од Струмица, го поддржавме ликовниот хепенинг организиран со учениците и нивните ментори од училиштата од општините Струмица, Ново Село, Босилово и Василево.
https://zaev.org/mir-frieden-pea-paix-mier-pace-fred-paz-
МИР, Frieden, Peace, Paix, Mier, Pace, Fred, Paz, Nabad, Paqe, Béke…
Во различни земји на светот има различно име, но на сите граѓани на планетата тоа име им е суштинска потреба. МИР – колку мал збор, а толку многу значаен.
МИРОТ не е само цел кон која се стремиме, туку средство со кое доаѓаме до таа цел.
МИРОТ не може да се одржува со сила. Тој се постигнува само со разбирање.
МИРОТ не е отсуство на судири. Тоа е способност за решавање на судири со мирни средства.
МИРОТ во светот може да се постигне кога моќта на љубовта ќе ја надмине љубовта кон моќта. Како што нема вистински МИР без љубов, така нема и вистинска љубов без МИР.
Секој од нас го поседува она што е потребно за создавање МИР на земјата. Сите знаеме да сакаме, само треба да го користиме тоа знаење во сите аспекти на животот.
Бројни мислители, државници и други познати светски личности ни ги оставиле овие, но и уште многу други преубави мисли за МИРОТ.Но, МИРОТ е нешто повеќе од сите тие мисли, заедно.
Едноставно, МИРОТ Е СЕ.