fbpx

„Комуналец“ собра 144 метри кубни отпад

 „Комуналец“ собра 144 метри кубни отпад

ЈПКД „Комуналец“ го искористи денешниот убав топол неделен ден успешно да ја заврши акцијата за собирање на секаков вид отпад низ улиците на Струмица. Во акцијата учествуваа 4 трактори еден кипер камион како и две машини со кои се собираа куповите отпад како и целокупната расположива работна сила. Улиците низ градот останаа без 144 кубни метри отпад кој беше несоодветно оставен по улиците од страна на наши сограѓани.

Се што е потребно за почист и поубав изглед на градот, покрај нашите редовни акции е граѓаните својот отпад да го пријават на телефонот 13-110 и во договор со службите да го остават пред нивиниот двор како би можел да биде подигнат во најскоро можно време.

Share via
Copy link