fbpx

Исчистена депонија во строгиот центар на Струмица

 Исчистена депонија во строгиот центар на Струмица

-Денеска екипа од ЈПКД „Комуналец” започна со чистење на мини депонијата направена од страна на несовесни поединци и фирми, а која се наоѓа во центарот на градот, објави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.

-Ова не е прво чистење, туку, после неколку недели ситуацијата се повторува, а местото кое се наоѓа на самиот Градски плоштад, кое треба да служи како пример за нашето урбано живеење, служи како пример за нашата некултура и неодговорност кон околината што не опкружува.

,,Комуналец” продолжува со сите напори да ги чисти сите направени диви депонии, меѓутоа некултурата на поединци продолжува и на жалост покрај нашата работа и сите укажувања и апели, градот се повеке се полни со мини депонии.Сфаќањето дека сметот треба да се фрла исклучиво во контењери и чувањето на урбаната опрема со што се придонесува за почиста и поубава животна средина, за некои граѓани се уште е апстрактен поим, напиша струмичкиот градоначалник, кој додаде дека депонија во близина на плоштадот или било каде на територијата на Струмица не смее да има.

Share via
Copy link