fbpx

По 15 години Струмичкиот театар „Антон Панов“ повторно на МОТ

 По 15 години Струмичкиот театар „Антон Панов“ повторно на МОТ

Во безмалку полувековното постоење на „Млад отворен театар“ (МОТ), еден од најстарите и најреномираните театарски фестивали во регионот, претставата на Струмичкиот театар „Антон Панов“ „Циркус Пирандело“ е селектирана во официјалната програма на овој фестивал.

Во рамките на 47-то издание на МОТ, кој се одржува од 10 до 19 ноември, во конкуренција на 25 претстави од Словенија, Грција, Турција, Велика Британија, Србија, Црна Гора и Македонија, се најде и струмичката претставата „Циркус Пирандело“ работена по текстови од Луиџи Пирандело, а во адаптација и режија на Бојан Трифуновски.

Претставата ќе се одигра утре, 13 ноември во 20 часот, во салата „Фросина“.

Ова издание на МОT се случува во годината на одбележување на големиот јубилеј – 50 години Младински културен центар – Скопје (МКЦ).

Share via
Copy link