Полицијата улови повеќе лица кои вршеле превоз на патници на диво
Општина Струмица одвои 800.000 денари за настраданите во земјотресот во Турција и Сирија
-Со сите членови на Советот на денешната седница ја потврдивме хуманоста и солидарноста на Општина Струмица.За настраданите луѓе во катастрофалниот земјотрес кој што ги погоди Турција и Сирија од општинскиот буџет одвоиме помош од 800.000 денари, по 400.000 денари за најпогодените подрачја во двете држави, објави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.
-На денешната седница беше донесена и одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти за време на карневалските денови, односно од 24 до 26 февруари за најмногу 2 часа, напиша Костадинов.