Полицијата улови повеќе лица кои вршеле превоз на патници на диво
Полициски билтен:пронајдена дрога во Струмица и украдени предмети во Старо Балдовци
На 21.03.2023 во 16.00 часот, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода A.С.(43) од Струмица. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени опиум, екстази и амфетамин. За настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а по целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 22.03.2023 во 02.00 часот во село Старо Балдовци, струмичко, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица ги лишиле од слобода Ф.С.(40) и А.С.(45), двајцата од село Старо Балдовци. При претрес во домот на Ф.С., извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени три моторни возила за кои не поседувал соодветна документација, регистарски ознаки од возило, три моторни пили и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од извршени кривични дела.
Додека, при претрес во домот на А.С., извршен исто така со судска наредба, биле пронајдени два акумулатори, два апарати за швајцување, моторна пила и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од извршени кривични дела.
Лицата биле задржани во Полициската станица Струмица, запознаен е Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.