fbpx

„Комуналец“ се вклучи во еко акцијата „Чисти ридови за сите“

 „Комуналец“ се вклучи во еко акцијата „Чисти ридови за сите“

По покана од Велосипедскиот Клуб „Актив„ за подршка на Еко акцијата „Чисти ридови за сите„ која се одржува по трети пат во текот на годината, ЈПКД „Комуналец“-Струмица активно се вклучи со петнаесетина работници и две возила.

Во акцијата се собираше отпадот расфрлан од несовесни граѓани на потегот околу патот до Чамчифлик и на трим патеката до Ловен дом.

Покрај секојдневните апели до граѓаните за не фрлање на отпад во природата ЈПКД „Комуналец“ секогаш излегува во подршка на ваквите акции и ги охрабрува и помага сите други групи или организации на граѓани за организирано чистење на животната средина ,со верба дека заедно и организирано можеме и мораме да делуваме за да имаме почиста животна средина.

Share via
Copy link