fbpx

Фондацијата „Елеуса на 25 април организира хуманитарен концерт „Звукот на човечноста“

 Фондацијата „Елеуса на 25 април организира хуманитарен концерт „Звукот на човечноста“

Интегрално соопштение од Фондацијата „Елеуса“

Ви го најавуваме одржувањето на првиот хуманитарен концерт „Звукот на човечноста“ што ќе се одржи на 25 април 2023 г. во НУЦК „Антон Панов“ во Струмица во организација на Елеуса Фондација.

Освен, што ова е прв настан од ваков вид, кој го впишуваме во хуманитарното портфолио на нашата организација, ова е ревијален настан за нашата заедница.

За првпат на една сцена ќе настапат бендовите на трите средни училишта од Струмица „Јане Сандански“, „Димитар Влахов“ и „Никола Карев“, основното музичко училиште „Боро Џони“ и Вокално-инструменталната група „Стихири“.

Тоа е силата на заедништвото, на соработката и на солидарноста, атрибути кои ги негуваме и поттикнуваме.

Оттаму огромна благодарност до директорите на училиштата, до нивните музички педагози и секако до учениците кои безусловна ја прифатија поканата да бидат дел од настанот и да покажат како звучи човечноста.

На репертоарот ќе го покаже богатството на македонската музика, а учениците ќе ја покажат својата виртуозност и умешност на сцената.

Концертот има хуманитарен карактер, па затоа средствата собрани од продажбата на билетите ќе бидат наменети за Елеуса Фондација.

Од денес картите по цена од 300 денари се пуштени во продажба на билетарницата во НУЦК „Антон Панов“.

Очекуваме дека, онака како што ентузијастички се вклучија училиштата во оваа хумана мисија, така и публиката со задоволство ќе одговори за сите заедно да учествуваме во помагањето на над 1.000 семејства кои добиваат директна поддршка од нашата Фондација.

Share via
Copy link