fbpx

Ќе се конзервира и реставрира Спомен костурницата во Струмица

 Ќе се конзервира и реставрира Спомен костурницата во Струмица

Стручен тим на Завод и Музеј Струмица изработува проект за конзервација и реставрација на Спомен костурницата над градот.

Ова го обавија денеска од оваа установа, а во објавата стои дека Спомен-костурницата во Струмица е започната да се гради во 1979 година, а моштите на загинатите борци во НОАВ со свечен чин биле пренесени и положени во саркофагот на 04.07.1982 година. Таа е дело на архитектот Благој Колев и градена е од бел мермер. На платото е аулата со саркофагот од кафеав мермер.

-Денес спомен-костурницата е во многу лоша состојба. Дел од мермерот е искршен нема осветлување, патеката до споменикот е во лоша состојба има нараснато многу бујна вегетација која го ограничува пристапот. Дел од споменикот е исцртан со графити. Во моментов се изработува проект за негова конзервација и реставрација од страна на стручен тим од НУ Завод и музеј – Струмица, се додава во објавата.

Share via
Copy link