fbpx

ОД ДЕНЕС И ОФИЦИЈАЛНО – ФК „АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ БРЕРА СТРУМИЦА“ АД

 ОД ДЕНЕС И ОФИЦИЈАЛНО – ФК „АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ БРЕРА СТРУМИЦА“ АД

По купувањето на 90 одсто од акциите на ФК„ Академија Пандев“ АД од страна на „Брера Холдинг ПЛЦ“ , ја информираме јавноста дека нашиот клуб од денес се ребрендира како ФК „АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ БРЕРА СТРУМИЦА“ АД, информираа денеска од Клубот.

Преименувањето е во согласност со позитивната законска регулатива во земајва, откако во Собранието на клубот влегоа новите акционери, при што беше е избран нов Одбор на директори а за претседател е назначен ГОРАН ПАНДЕВ.

Согласно веќе донесените акти, новата сопственичка структура одлучи новото име да биде спој на досегашното со името на новите инвеститори како и на градот Струмица како локација и место од кое произлегоа плејада на квалитетни фудбалери познати на домашната и меѓународна сцена. Како клуб во иднина ќе настапуваме со кратенката ФК „АП Брера Струмица“ а за комерцијална употреба „Брера Струмица“. Освен името се менува и официјалното лого на клубот. Во новото се додаваат боите на инвеститорот Брера, грбот на општина Струмица а составен дел ќе биде и досегашниот аблем на клубот при што на латинично писмо ќе пишува Брера Струмица.

Мисијата на ФК ,, АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ БРЕРА СТРУМИЦА “ ќе биде градење на Фудбалски клуб според европските стандарди од организациски, стручен и комерцијален аспект. Фокусот ќе биде насочен кон градење на стабилен прв тим каде место ќе се даде на фудбалери од сопствените младински школи, инвестиции во младинските погони со организација и учество на силни турнири, подобра фудбалска инфраструктура, размена на искуства со познати европски фудбалски центри како и градење на квалитетни фудбалери со можност да бидат дел од големи фудбалски клубови во странство, но и соработка со сите останати фудбалски клубови од Струмица и Македонија.

Share via
Copy link