„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Радовишката полиција го расчистува инциндентот што се случи во салата „25 Мај“
На 26.06.2023 година од страна на полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш биле преземени мерки во врска со инцидент случен на 25.06.2023 година во Спортско рекреативен центар „25 Мај“ во Радовиш, за време на одржување на турнир во мал фудбал.
Во просториите на Полициската станица Радовиш биле повикани лица учесници во инцидентот со кои биле извршени разговори, а по целосно документирање на настанот против инволвираните и организаторите на турнирот ќе бидат поднесени пријави согласно Закон за спречување на насилство и недостојно однесување на спортските натпревари.