fbpx

Карневалските маски „Тик-Так“ и „Струмичка корида“ учествува на карневалот во Врњачка Бања

 Карневалските маски „Тик-Так“ и „Струмичка корида“ учествува на карневалот во Врњачка Бања

На 19-тиот меѓународен карневал во Врњачка Бања, Србија, чија интернационална поворка на 15.07.2023 година ја сочинуваа над 30 странски и домашни карневалски групи, учествуваа и двете карневалски групи, претставници на Струмичкиот карнeвал: СОУ” Јане Сандански” со маската Тик-Так”, и ООУ” Видое Подгорец” со маската „Струмичка корида “.

Нивниот настап пред многубројната публика беше еден од позабележителните, на и самиот престижен Врњачки карневал. Квалитетното ниво на креативни маски, по кое карневалските групи од Струмичкиот карневал се надалеку познати беше уште еднаш потврдено, обезбедувајќи отворени покани за продолжување и продлабочување на соработката со повеќе карневали од регионот, вклучително и со Врњачкиот карневал во чии успешни изданија и етаблирање во семејството на европски карневалски градови ( FEEC) своја улога има и Струмичкиот карневал.

Share via
Copy link