fbpx

Заменето е осветлувањето во подземната сообраќајница во Струмица

 Заменето е осветлувањето во подземната сообраќајница во Струмица

Заврши реконструкцијата, односно замената на тунелското осветлување во подземната сообраќајница под плоштадот „Гоце Делчев“.

Според директорот на Јавното претпријатие „Паркиралишта Струмица“, Иван Стаменовски, со реконструкцијата е подобрена функционалноста и фотометриската распределба на осветлувањето.

Извршена е замена на сите дотраени тела кои користеа натриумови светилки со моќност од 250W. Поставени се нови 93 светилки за тунелско осветлување изработени во ЛЕД технологија со моќност од 100W, 131 број странични катадиоптри за означување на правец на движење и извршена е замена на 24 светла во случај на прекин на напојувањето.

Share via
Copy link