fbpx

Превентивна активност на СВР Струмица:„Има помош за живот без насилство“

Денеска полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Струмица и Полициската станица Струмица на повеќе локации на подрачје на Струмица спроведуваат превентивна активност во рамки на кампањата „Има помош за живот без насилство“, која Министерството за внатрешни работи ја спроведува во соработка со Фондот за население на Обединетите нации.

Целта на овие активности е преку директна комуникација и делење на информативен материјал на граѓаните на Струмица, пред се на жените, да се запознаат како и каде да го пријават насилството и да се информирааат како и каде можат да се заштитат.

Во следните денови вакви активности ќе се спроведат и на подрачјата на Радовиш, Гевгелија и Валандово, кои се во надлежност на Секторот за внатрешни работи Струмица.

Share via
Copy link