fbpx

На подрачјето на СВР Струмица за пет часови откриени 42 лица кои возеле без возачка дозвола

 На подрачјето на СВР Струмица за пет часови откриени 42 лица кои возеле без возачка дозвола

Денеска во периодот од 11:00 до 16:00 часот Секторот за сообраќајни  работи  при Одделот за  униформирана полиција- Биро за јавна безбедност и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведоа акциска контрола на подрачје на општина Струмица за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

При контролата се санкционирани 89 возачи, и тоа 42 за управување на возило без возачка дозвола, 6 санкции за возачи што управувале моторни возила со изминат рок на важност на сообраќајната дозвола, 13 за непрописно вградени фолии (затемнети стакла), 5 возачи без лекарско уверение (јавен превоз-такси возачи), а одземено е и едно моторно возило нерегистрирано повеќе од 6 месеци. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта. 

Share via
Copy link