Двајца малолетници повредени откако излетале со четирицикл надвор од коловозот
На 21.02.2024 во 19:00 часот во СВР Струмица било пријавено дека на крстосницата од ул.„Ѓорги Упчев“ и ул.„Мара Минанова“, четирицикл без регистарски ознаки, управуван од малолетник од Струмица, излетал надвор од коловозот, соопштија денеска од СВР Струмица.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник од Струмица, а со телесни повреди се здобил возачот констатирани во Општата болница Струмица.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Струмица.