fbpx

Одбележана 20-годишнината од загинувањето на претседателот Трајковски

 Одбележана 20-годишнината од загинувањето на претседателот Трајковски

(26 февруари 2004 – 26 февруари 2024), 240 месеци без струмичанецот, 20 години без Македонецот,две децении без претседателот,Борис Трајковски – непребол кој трае вечно, објави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.

-По тој повод, пред споменикот подигнат во негово име во струмичкиот градски парк, одржавме чествување на ликот и делото на Вториот Претседател на Република Македонија Борис Трајковски. Имав чест да одржам пригоден говор, но знам дека за Претседателот Трајковски може да се зборува со денови. Положивме и свежо цвеќе пред неговиот споменик. Тоа ќе овене, но споменот за Трајковски ќе биде вековит.Претседателе, твојот град ти порачува: Се дури постојат Струмица и струмичани, за тебе заборав ќе нема, напиша струмичкиот градоначалник.

Членови на семејството Трајковски, пријатели, претставници на локалната самоуправа, политички партии и здруженија на граѓани со положување цвеќе и поклонување пред неговиот споменик ја искажаа својата почит.

Венец пред споменикот положи и владина делегација предводена од дополнителната заменик министерка за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и државниот секретар во Министерството за локална самоуправа,Кирил Парталов.

Традиционално Унијата на жени при ВМРО ДПМНЕ Струмица посади дрвце во Градскиот парк.

Share via
Copy link